Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во изминатите неколку месеци имплементираше пилот проект за зголемување на квалитетот и квантитетот на производството на пиперки во Пелагонискиот регион преку поставување на систем капка по капка на пет пилот плацеви по два декари со пиперки.
Целта на оваа иницијативе беше да се покажат бенефитите од модернизацијата на производството на пиперки преку користење современ начин на наводнување, со систем капка по капка. Земјоделците кои беа вклучени во овој пилот проект изразија големо задоволство од поставената опрема, преку која придобивките биле повеќе. Од една страна се зголемил квантитетот на произведените пиперки во просек од 30-40% со тоа што имало повеќе принос и наместо досегашните 3-4 берби, оствариле 5 и од друга страна се подобрил и квалитетот на пиперката со тоа што имало поголем дел кои се прва класа и помалку заболувања кај пиперката под овој систем капка по капка. Преку проектот беа покриени 10 декари со систем, а дел од земјоделците инвестираа сами и ја зголемија површината по систем капка по капка со уште 15 декари. Сите зејоделци кои го користат системот или ги увиделе бенефитите од него, планираат да инвестираат во поставување на ваков систем за наводнување на што поголеми површини, од сопствени средства или користејќи го националните програми за поддршка на земјоделството и руралниот развој.