На 12.05.2014 во просториите на Центарот за развој на Пелагониски плански регион се одржа консултативен состанок за Програмирање на ИПА 2 помеѓу претставници на Делегација на Европска Унија во РМ и претставници на сите релевантни чинители во развојот, креирањето и имплементацијата на политиките за развој туризмот во Пелагонија.
Како релеванти чинители во развојот на туризмот во Пелагонија присутни беа претставници на општините од Пелагонискиот регион, претставници на јавни институции, претставници на бизнис секторот - понудувачи на туристички услуги и посредници како и претставници на невладиниот сектор.Состанокот беше од консултативен карактер и на истиот пред претставниците на Делегацијата на ЕУ во РМ претставени беа потенцијалите, можностите и потребите за развој и промоција на туризмот во Пелагонискиот регион.Очекуван резултат од состанокот е инкорпорирање на потребите на туристичкиот сектор во Пелагонија во новата ИПА 2 Програма со цел поефикасно искористување на средствата од истата.Позавршувањето на консултативниот состанок, претставниците на Делегацијата на ЕУ во РМ одржаа средба со Директорката на ЦРППР г-ѓа Емилиа Ѓероска и раководителот на секторот за интернационална соработка и имплементација на проекти во ЦРППР г-дин Рубин Николоски.Следна активност во рамките на процесот на програмирање е консултативен состанок кој е најавен за крајот на месец јуни оваа година.Состанокот се реализира во организација на Центарот за развој на Пелагониски плански регион а на барање на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.