Од 31.03.2014 до 04.04.2014 година, во Битола се одржа петдневната работилница на тема “Mенаџмент на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин”. На оваа 5 дневна работилница учествуваа 10 студенти од Ветеринарниот Факултет од Пелагонискиот регион и 10 студенти од Технолошкиот Факултет од регионот Лерин.
На петдневната работилница, студентите од прекуграничниот регион имаа можност да се запознаат со биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин и заштитените видови во прекуграничниот регион, да го посетат Националниот парк Пелистер, Зоолошката градина во Битола и Ветеринарниот факултет во Битола. Втората 5 дневната работилница на тема “Менаџмент на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин”, ќе се реализира од 7-11 Април 2014 година, во Лерин. Оваа 5 дневна отворена работилница се реализира во рамките на Проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин- ЗОО ИНОВАТИВА“.