Во рамките на проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион“, на 27 и 28 април 2011 година, во Битола се одржa седмата обука на тема „ Донаторски процедури“.
Обуката беше наменета за преставниците на одделенијата за локален економски развој, правните сектори на општините и вработените кои учествуваат во подготовката и имплементацијата на проeкти финансирани од претпристапните фондови на Европската унија и други билатерални донатори.
Експертите предавачи на оваа обука, г. Фатмир Битиќи и г-ѓа Даниела Стојанова, беа ангажирани во соработка со Македонски
Центар за Меѓународна соработка од Скопје. На првиот ден од обуката беа елаборирани Правилата за подготовка на буџет, форматот и пријавата за предлог проектите и Упатството за подготовка на повик. На вториот ден од обуката беа разгледувани и објаснувани правилата за поддоговори за услуги, поддоговорите за стоки и поддоговорите за работи.Во текот на вториот ден беше елабориран и целиот ПРАГ документ кој што е од особено значење при имплемемтирањето на проекти финансирани од Европската унија. Резултатите од оваа обука се зајакнати капацитети на Општините во регионот по однос на административните процедури при подготовка и имплементација на развојни проекти.