• Бизнис Центар
    • Општи информации
    • Портфолио на услуги
    • Документи
    • Инвестирај во Пелагониски регион
  • Интегрирана Мрежа за Регионален Развој
    • Општи информации
      • Визија и цели на ИМРР на ППР
      • Листа на членови на ИМРР
    • Активности на ИМРР на ППР
    • Документи на ИМРР
    • Поддршка за бизнис секторот
      • Актуелни повици за бизнис секторот
      • Програми за финансирање на бизнис секторот
  • За нас
    • Географски и демографски податоци
    • Мапа на регионот
    • Видео презентација
    • Корисни линкови
    • Последни новости
  • Совет за развој
    • Правни рамки и задолженија
    • Членови на СРППР
    • Документи
    • Седници за Советот за развој
  • Центар за развој
    • Правни рамки и задолженија
    • Организациска структура
    • Визија и мисија
    • Вработени
    • Контакт
    • Програма за развој на пелагонискиот регион 2015-2019
  • Проекти
    • Реализирани проекти
    • Тековни проекти
    • Конкурси/Јавни набавки
  • Европска интеграција
    • ИПА Проекти
    • Програми на ЕУ
    • Меѓународна соработка
    • Поважни линкови
  • I-TOUR
    • I-TOUR Активности
    • I-TOUR Јавни набавки
  • J-CROSS
    • J-CROSS Aктивности
    • J-CROSS Јавни набавки
  • SmartRural
    • SmartRural – Јавни набавки
  • Бизнис Центар
    • Општи информации
    • Портфолио на услуги
    • Документи
    • Инвестирај во Пелагониски регион
  • Интегрирана Мрежа за Регионален Развој
    • Општи информации
      • Визија и цели на ИМРР на ППР
      • Листа на членови на ИМРР
    • Активности на ИМРР на ППР
    • Документи на ИМРР
    • Поддршка за бизнис секторот
      • Актуелни повици за бизнис секторот
      • Програми за финансирање на бизнис секторот
  • За нас
    • Географски и демографски податоци
    • Мапа на регионот
    • Видео презентација
    • Корисни линкови
    • Последни новости
  • Совет за развој
    • Правни рамки и задолженија
    • Членови на СРППР
    • Документи
    • Седници за Советот за развој
  • Центар за развој
    • Правни рамки и задолженија
    • Организациска структура
    • Визија и мисија
    • Вработени
    • Контакт
    • Програма за развој на пелагонискиот регион 2015-2019
  • Проекти
    • Реализирани проекти
    • Тековни проекти
    • Конкурси/Јавни набавки
  • Европска интеграција
    • ИПА Проекти
    • Програми на ЕУ
    • Меѓународна соработка
    • Поважни линкови
  • I-TOUR
    • I-TOUR Активности
    • I-TOUR Јавни набавки
  • J-CROSS
    • J-CROSS Aктивности
    • J-CROSS Јавни набавки
  • SmartRural
    • SmartRural – Јавни набавки
Погледни во нашите социјални мрежи
  • mk  македонски
    • en English
Новости
16Сеп2011

Oдржана Завршната Конференција за Проектот- Институционална надградба и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот Регион

by elite_user in Новости

Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион, на 16.09.2011 година ја одржа Завршната Конференција за Проектот- Институционална надградба и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот Регион кој беше реализиран во текот на јуни 2010-септември 2011 под слоганот “ Градиме Партнерства”.

Проектот се реализираше преку три проектни модули и тоа:
•    Обуки за подготовка на проекти, за донаторски процедури и изнаоѓање на фондови.
•    Обуки за правните и организациските аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП); Развивање на модели и предлози за ЈПП, организирање на редовни настани за ефективна комуникација на општините и бизнис секторот на кои ќе се идентификуваат потенцијални ЈПП.
•    Обуки за бизнис вештини, развивање мрежа за размена на податоци, подготовка на промотивни материјали и веб страна како алатка за поддршка и привлекување на нови домашни и странски инвестиции, подготовка на редовни локални и регионални презентции за биснис можностите во Пелагонискиот регион.
Со проектот се воспостави организиран и структуриран тим, опремен со неопходни вештини во секоја од деветте општини во регионот и во канцеларијата на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, способен да ги координира и поддржи биснис активностите во регионот што беше и генерална цел на проектот.
“Градиме партнерства” беше финансиски поддржан од Бирото за регионален развој како дел од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.
Средствата беа обезбедени од буџетот на Република Македонија и општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.
Со активностите на проектот директно или индирекнто беа опфатени околу 350 вработени во општинските администрации и околу 6170 правни субјекти во Пелагонискиот регион

Реализирани активности во рамките на проектот “Градиме Партнерства”:

Обуки:
-     “Подготвување предлог – проекти”
-     “Правни и организациски аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП)”
-     “Бизнис вештини и можности за финансирање на бизниси”
-     “Процесот на идентификација на ЈПП во општинските планови за ЛЕР”
-     “Развивање на модели за ЈПП и предлози за ЈПП”
-     “Развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапни   фондови на ЕУ и програми на заедниците”
-    “Изнаоѓање на фондови”
-    “Донаторски процедури  (фондови на Европска Унија)”
-    Kористење на веб - програмата ,,ПЕЛАГОНИЈА-БИЗНИС”

Работилници:

     - “Постапка за доделување на договор за ЈПП” - Битола
     - “Постапка за доделување на договор за ЈПП” – Прилеп

Презентации на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион:

Локални презентации:
-    Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Долнени
-    Ресен
-    Могила и Новаци

Регионални презентации:
-    Корча, Република Албанија
-    Лерин, Република Грција
Водич за инвестирање во Пелагонискиот регион
Оваа алатка беше изработена со цел да им овозможи на потенцијалните инвестиори во Пелагонискиот регион детален преглед на инвестициските потенцијали со кои располага регионот и секоја од деветте општини поединечно.
Водичот за инвестирање содржи информации кои се од клучно значење за успешно почнување и завршување на еден инвестициски циклус. Во него се поместени податоци во врска со деветте индустриски и развојни зони во регионот, како и компаративните развојни предности на секоја од општините во  Пелагонија.
Со цел развојниот потенцијал на регонот да биде претставен пред пошироката инвестициска заедница, Водичот беше преведен на 3 странски јазици: Албански, Англиски и Грчки.

Видео спот за можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион
Во рамките на проектот беше изработен и видео спот кој служи за промоција на инвестициските потенцијали во Пелагонискиот регион. Видео спотот ги содржи сите можности за инвестирање кои стојат на располагање на потенцијалните инвеститори а спаѓаат во рамките на надлежностите на локалните администрации во Пелагонија.

Веб портал  www.pelagonijabiznis.mk
Веб порталот www.pelagonijabiznis.mk  ги содржи сите потребни информации за потенцијалните инвеститори, надградени и надополнети согласно последните реални измени на терен и согласно промените и надополнувањата на законската легислатива која ја регулира оваа област.
Веб порталот, исто така нуди и  алатка за пребарување низ целокупната дата-база со компании од Пелагонискиот регион во која се содржани податоци за бизнис секторот во Пелагонија, а се релевантни за потенцијалните инвеститори.

Резултати кои беа постигнати со проектот:

•    Зајакнати капацитети на релевантите чинители во Пелагонискиот регион во однос на подготовката на проекти, донаторски процедури и изнаоѓање фондови.
•    Зајакнати капацитети на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во Пелагонискиот регион во однос на бизнис вештините.
•    Дизајнирани, печатени и дисеминирани промотивни материјали  за поддршка и привлекување на потенцијални инвестиции.
•    Подготвени и одржани локални и регионални презентации за бизнис можностите во Пелагонискиот регион.
•    Ажурирана база на податоци за бизнис секторот во Пелагонискиот регион.
•    Воспоставена мрежа за размена на податоци во општините за собирање и подготовка на информации за заинтересирани инвеститори.

На Конференцијата беа пристуни Градоначалниците на Општина Кривогаштани и Долнени, претставници од бизнис секторот, јавните институции, невладиниот сектор. На Конференцијата беа доделени и Благодарници на контакт лицата од 9 општини во Пелагонискиот Регион, кои активно ја поддржуваа имплементација на проектот.

Пребарување



















Е-весник

Доколку сакате да добивате е-весник, внесете ја вашата Е-пошта!

Видео


Новости

Работен состанок J-CROSS

Зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на постоечките ресурси - I-TOUR

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ПЕЛАГОНИЈА

Втор оглас за ангажирање на проектен координатор за J-CROSS

Оглас за ангажирање на проектен координатор за проектот J-CROSS

Заменик Амбасадорот на Јапонија во Република Македонија г-дин Хидеаки Мачида во посета на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

9-та Седница на СРППР

5 Нови регионални проекти во Пелагонискиот регион

Втор оглас за ангажирање на проектен координатор

Оглас за ангажирање на проектен менаџер

Пуштен во употреба новиот модерен пазар во Демир Хисар

ЦРППР потпиша два Договори за поттикнување на рамномерниот регионален развој

Оглас за ангажирање на проектен менаџер за потребите на проектот: РУРАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО - СМАРТ РУРАЛ, кофинансиран од Програмата БАЛКАН МЕДИТЕРАНИАН 2014-2020 и земјите учеснички

Рурално претприемништво – СМАРТ РУРАЛ

Посета на амбасадорот на ЕУ во ЗОО Битола

Промоција на Пелагонија како дестинација за активен туризам

Работилница за подготовка на Регистар на потенцијали за рурален туризам во Пелагонискиот регион

Нов ровокопач за превенција од поплави за Пелагониските општини

Јавни расправи за „Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад (ИСУЦО)“

6 НОВИ ПРОЕКТИ ЗА ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Facebook

[custom-facebook-feed]

Општини

Контакт

Томаки Димитровски 7, Битола, Македонија

Телефон: +389 47 232 800

Факс: +389 203 818

Е-пошта: info@pelagonijaregion.mk

2016 Center for Development of the Pelagonija planning region. Designed by Elite Web

  • English English
  • македонски македонски