На ден 10.05.2011 год. во Скопје, Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Џемаил Елмази и Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска го потпишаат договорот за реализација на проекти во Пелагонискиот плански регион за проекти кои беа аплицирани во 2010 година а средства се доделени во 2011 година.
Проекти за кои се доделени средства се следните:
1.Изработка на техничка документација за изградба на пат од населено место;
Заположани, Oпштина Долнени до населено место Славеј,Oпштина Крушевo;
2.Изработка на комплетна техничка документација за реконструкција на зоолошката градина во Битола;
3.Изработка на техничка документација за изградба напаркинг за сточен пазар во Кривогаштани;
4.Изработка на студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба планина (општина Битола и општина Ресен);
5.Набавка на опрема за ТППЕ Прилепм (го покрива регионот на Прилеп, Кривогаштани и Долнени) и опрема за волонтерските единици;
6.Втора фаза за изградба на хлорна станица во с. Дебриште.