На 30.10.2012 година во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот регион се одржа прес конференција преку која медиумите и пошироката јавност во Пелагонија беа информирани за одобрен проект на оваа институција. Меѓудругото, на пресот беа презентирани најважните кредекцијали на одобрениот проект:
Име на проектот: Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин
Акроним: Зоо Иноватива
Главна цел: Придонес кон зајакнувањето на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин
Поднесен во рамките на: Инструмент за претпристапна помош на Европска Унија, Компонента 2 - Прекугранична соработка, Програма Република Грција – Република Македонија, втор повик, приоритена оска 2 - Зајакнување на ресурсите на животната средина, мерка 2.1 Промоција и заштита на животната средина.
Партнери во проектот:
- Центар за развој на Пелагонискиот регион
- Регионална развојна агенција на Лерин
- Општина Битола
- Општина Лерин
- Зоолошка Градина Битола
Времетраење на проектот: 18 месеци
Буџет на проектот: околу 1.170.000 евра
Со проектот ќе бидат реновирани следните живелишта/објекти:
- Фарма
- Лисица/Ракун
- Мечка/Рис
- Тигар
- Мајмуни
- Лав
- Билетара/Портал